По синоќешната престрелка во во која ранет беше Ваљон Беља, од општина Чаир негираат вмешаност на Ганиу

 

Од општина  Чаир негираат вмешаност на градоначалникот Висар Ганиу во синоќешната престрелка во Чаир, која заврши со повреда на економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, објави ТВ21. Градоначалникот на Чаир во кратка изјава за ТВ21 кажа дека случајот ќе го истражуваат органите на редот.

 

„Градоначалникот на Општината, Висар Ганиу нормално дека во текот на денешниот ден од 8 часот и 39 минути наутро се наоѓа на своето работно место вршејќи ги своите дневни професионални обврски предвидени според агендата. Не е истина тоа што го пишуваат порталите. Јас би ве замолил да се обратите до органите на јавниот ред, односно во МВР, од каде треба да излезат со извештај за случајот кој се случи во текот на вчерашниот ден“, вели Куштрим Ала – портпарол на Општина Чаир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега