После студеното време, следува промена - метеоролозите соопштија кога ќе затопли

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ во текот на овој викенд како и на самиот почеток од следната недела, температурите во државава значително ќе се покачат и ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки дури и за околу 10тина степени па така особено во недела и во понеделник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Меѓутоа и покрај ова по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност па токму на местата со магла температурите на воздухот ќе останат нешто пониски.

Времето ќе биде претежно сончево повремено со умерена облачност а особено на запад ќе дува  и слаб до умерен претежно од југозападен правец.

Брз продор на влажен и студен бран очекуваме ноќта кон понеделник кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, услови за слаби локални врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места а токму ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец и значителен пад на температурите на воздухот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2018 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега