Се знае што е најдобро - македонски ајвар награден во Нови Сад

 

Македонски ајвар освои награда во Нови Сад. Печениот ајвар „Баш Ајвер“ на македонската компанија Дием-ГП освои Голем златен медал на јубилејниот меѓународен Земјоделски саем.

 „Баш Ајвер” го освои максималниот број бодови според сите критериуми по кои беа оценувани производите.

Според генералниот директор на компанијата Ѓорги Атанасов, наградата покрај потврдата за највисоките стандарди на Дием-ГП во производството.

Саемот во Нови Сад е еден од петте водечки саеми во Европа и ги обединува на една локација најзначајните поединци, здруженија и компании од агробизнисот, од над 50 земји во светот. Дием-ГП во својот асортиман покрај ајвар има и голем број производи од преработено овошје и зеленчук, кои се присутни на пазарите на повеќе од 20 држави во светот.

25.09.2013 - 14:03
Фото: 
Црнобело

најчитано сега