Куче ќе наследи 100.000 долари од својата сопственичка

 

Американката Мјуриел Зиберт, која е првата жена што работела на берзата на њујоршкиот Вол Стрит, и оставила 100.000 долари на својата чивава Монстер Грл. 

Таа поголемиот дел од своите 48 милиони долари ги оставилила на непрофитна организација, а исто така остави доволно пари за Животинскиот медицински центар годишно да добива по 10.000 долари додека Монстер Грл е жива.

Парите кои се наменети за Монстер грл, Зиберт ги остави на својата пријателка Линди Фокс Фрејзер, со упатство дека нејзиното кутре никогаш не смее предолго да биде само во текот на денот.

25.09.2013 - 14:12

најчитано сега