Викторија Бекам ќе снима документарец

Според најновото издание на магазинот Vogue, славната Викторија Бекам ќе снима документарец за својата улога во светот на модата.

Имено таа се здружила со Skype, па гледачите од перспектива “мува на ѕид“, ќе можат да гледаат како госпоѓата Бекам ги создава нејзините креации.

Гледачите ќе можат да ја следат Викторија на нејзините состаноци, и подготовката на нејзините креации од изборот на самите производи до финалниот производ.

 

До оваа соработка дошло откако Викторија изјавила дека поголемиот дел од состаноците ги извршува токму преку Skype.

25.09.2013 - 14:09

најчитано сега