Македонските креатори ќе се претстават на третиот Skopje design week

Во Скопје ќе се одржи третото издание на Skopje design week кое на едно место ќе ги собере дизајнерите и компаниите.  

Модната недела ќе започене на1 октомври и ќе трае до 6.

Покрај македонските се и светски брендови, а Швајцарија е во фокусот на ова издание од каде е најавено учество на седум компании.

Организаторите очекуваат ова трето издание да биде потврда на изградениот идентитет на фестивалот како дома, така и во регионот со кој најмногу се соработува.

Марта Грнчарова Наумовска, програмски директор на манифестацијата, истакнува дека резултатот е во поврзувањето помеѓу дизајнерите и компаниите што веќе вродува со соработки и реализирани проекти на различни нивоа и во различни области.

Александар Велиновски, директор на Skopje design week,  вели дека од една страна најголемиот воочен проблем е јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата. - Производствените и увозно ориентираните компании, од друга страна, разбраа дека потрошувачите се едуцираат и дека и тие треба да бидат во чекор со времето за да опстанат на пазарот и да го зголемат својот обем на работа и профит. Токму затоа критериумите за изложување и учество годинава се заострени, како за компаниите, така и за младите таленти, вели Велиновски.

Новитет е што оваа година  ќе има можност да се презентира дизајн во подготовка на храна, како и дел за здрава храна за деца.

25.09.2013 - 14:00

најчитано сега