Игор Југ до Кацарска: Најдете ми католички свештеник за во Шутка

 

Обвинетиот Игор Југ, пред да стане и да најави дека се откажува од барањето на амнестија, од судијката Добрила Кацарска денеска побара во затворот Шутка да го посети католички свештеник, пренесе СДК.МК.

- „Директорот на затворот Шутка почитувана судијке ми кажа вам да ви се обратам за да ме посети католички свештеник. Па еве ова е моето усно барање до вас“, рече Југ.

- „Игор Југ, не е начин јас и директорот на установата да комуницираме преку вас. Обратете се вие писмено до Основниот суд Скопје 1, па потоа ние ќе ја известиме управата на затворот во Шутка“, му рече Кацарска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега