ВИДЕО: Премиерот мавнат со јајце во Собрание
Седницата на албанското Собрание денеска е накратко прекината, откако премиерот Еди Рама беше гаѓан со јајца од страна на пратеникот на Демократската партија Ендри Хаша. Рама беше погоден додека беше на говорницата.
Рама мораше да ја напушти седницата, пред да интервенира претседателот Грамоз Ручи. Обезбедувањето веднаш реагираше на овој немил настан.
Фотографија на која Рама е гаѓан со јајца објави поранешниот премиер Сали Бериша со пораката „За присутните – тост и јајца“.
Истовремено пред парламентот се собраа голем број ученици и студенти кои веќе 16-ти ден протестираат во повеќето градови во Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа