Стојне од К-15 ќе стапне на лудиот камен

Стојне Стојанова која ја смее македонската публика во скечевите на К-15, ќе стапне на лудиот камен.

Како што пренесува Вест, Стојне се сврши со своето момче, струмичанецот Дејан Карадакоски, со кој романсата ја започнала кога се појавиле на аудицијата за потрага на нови таленти на продукцијата К-15.

Клекна и со веренички прстен ме побара за жена, а јас во стилот на к-15 му одговорив дека прифаќам, ама кога ќе се крои семејниот буџет да има пари за педикир, маникир, фризер и се друго. Нормално дека прифатив, со Дејан сме подолго време заедно и сме многу вљубени, изјави Стојне за „Вест“.

25.09.2013 - 13:54
Фото: 
Струмицаденес

најчитано сега