Напредни ИТ обуки за невработените лица во Македонија

Министерството за труд и социјала заедно со Агенцијата за вработување, објавува оглас за учество на обуки за програмските пакети јава веб девелопер и графички дизјанери, за невработените Македонци.

За обуката за јава веб девелопер има 15 места, додека за графички дизјанери има 35 слободни места.

- Ова е дел од оперативниот план за вработување и акциски мерки. Со овие обуки  на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа на напредните информациски технологии кои се насочени кон зголемување на вработливоста и конкурентноста на пазарот на труд, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

Огласот ќе трае од денеска па се до 8 октомври. Од министерството за труд и социјала и Агенцијата за вработување апелираат сите заинтересирани невработени лица да ја искористат можноста и да се пријават.

 

25.09.2013 - 13:47
Фото: 
вмро-дпмне.орг