Поради смртта на градоначалникот - општина Охрид го откажа најавениот проект

Поради ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, од општината информираат дека се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20-ти декември 2018 до 20-ти јануари 2019 година.

И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година. Сепак, за најмладите, кои се нашата иднина и кои се најрадосни за празниците, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма, информираат од општина Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2018 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега