Ал Шабаб: Загинаа 137 лица во трговскиот центар во Најроби

Денеска припадниците на Сомалиската исламистичка организација Ал Шабаб  на социјалната мрежа Твитер, објавија дека во заложничката криза во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, загинале 137 заложници.

- Претседателот на Кенија Ухуру Кенијата и неговата Влада треба да одговараат за смртта „на 137 заложници, кои беа задржани од муџахедините“, се наведува на налогот на Ал Шабаб на Твитер.

Ал Шабаб ги обвини кениските сили за безбедност за користењето експлозив и „хемиски гас“, со што предизвикале уривање на зградата и со тоа „ги погребале доказите и сите заложници под урнатините“.

Од кениската Влада соопштија дека во нападот безбедносните сили немаат користено хемиско оружје и информираат за тоа дека во заложничката криза животот го загубиле вкупно 61 лице.

Како што соопштуваат од кениската влада, до уривањето на трите ката на зградата дошло поради пожарот кој предизвикал слабеење на конструкцијаа на зградата. Пожарот во трговскиот центар го предизвикале исламиситте на Ал Шабаб.

Повеќето од луѓето кој биле во трговскиот ценатр се спасиле поради тоа успеале да избегаат во првите часови од нападот.

25.09.2013 - 13:42