Спектакуларен концерт за 50-от роденден на македонскиот шоумен Игор Џамбазов

По повод неговиот 50-ти роденден и јубилејни 40 години телевизиска кариера, македонскиот шоумен ИгорЏамбазов подготвува големо мултимедијално шоу.

 Концертот во организација на „ГорилаПродукција“ ќе се одржи на 1 ноември во големата сала на спортскиот комплекс Борис Трајковски. Свесни дека се работ и за великанон кого го сакаат сите генерации, од „Горила“ единствено стравуваат дека и оваа сала нема да биде доволно голема да ги собери сите фанови, а се очекува да има посета од 10.000 лица.

 

 Сценариото за оваа единствена вечер е всушност рекапитулација на бурниот боемски живот на човекот кој многумина го сметаат за жива легенда, како и потсетување на неговите најголеми хитови. Игор на сцената ќе биде придружуван од ГуруХаре и бендот чиј костур го сочинуваат музичаритекои свиреа со нашата најголема музичка ѕвезда на сите времиња ТошеПроески, овој пат засилен со уште неколку врвни музичари. 

Гости на концертот ќе бидат и Калиопи, ТамараТодевска, Елена Ристеска, ВлаткоИлиевски, Пере и Франци одгрупатаНокаут, хорот наЗлатното Славејче под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, како и Сашко Коцев, и Тони Михајловски. Се очекува и вклучување воживо на легендата Раде Шербеџија.

 

 

25.09.2013 - 13:36