Судот пресече: Хаџиски ќе биде екстрадиран во Македонија

Денеска судот во Ним го разгледуваше предлогот Миле Хаџиски или Зоран Томовиќ да биде предаден на македонските власти, и донесе одлука тој сепак да биде екстрадиран во Македонија.

Како што јавува МИА, обвинителот при првото рочиште одржано на 28. август истакна дека на датумот кога е направено делото, Хаџиски немал француско државјанство,па затоа оваа одлука беше очекувана.

Оваа одлука на на Судот од Ним, ја соопшти неговата адвокатка Селин Алкалд, која одби да дава изјави и коментари по барање на нејзиниот клиент.

Инаку, Хаџиски беше осомничен во 1993 година за грозоморно убиство на неговата придружничка по што беше осуден во Основниот суд во Скопје, а пред да биде донесена конечната одлука во Македонија, Хаџиски им побегнал на македонските истражни органи со што практично не е докрај разјаснето ова грозоморно убиство. Се претпоставува дека тој бил вплеткан во криминалната мрежа на светски познатите ограбувачи „Пинк Пантер“. Уапсен беше лани во Швајцарија каде што му се судело за други дела

.Во рок од пет дена, Хаџиски може да ја обжали одлуката за негова екстрадиција.

25.09.2013 - 13:30
Фото: 
Кајгана

најчитано сега