Прво па машко - ТВ презентерот Борислав Тноковски стана татко!

Еден од најшармантните и најгодните македонски презентери на вести, Борислав Тноковски, стана татко на здраво машко дете.

Како што пренесува порталот Засе.мк, сопругата на презентерот, Наташа Тноковска, во саботата се породила со царски рез на Клиниката за гинекологија во Скопје. 

Детето најверојатно ќе биде крстено Матео, по желба на своите родители.

Па, честитки за Борче и неговата сопруга! Нека им е живо и здраво!

 

25.09.2013 - 13:04
Фото: 
Хитпортал

најчитано сега