Путин: Активистите на „Гринпис“ не се пирати!

 Активистите на „Гринпис“, кои беа уапсени вчера при обид да протестираат на нафтената платформа на „Газпром“ во северниот дел на Баренцово Море, не се пирати, но полицијата се уште не знае дали зад нив се кријат еколози или терористи, јави ДПА, повикувајчи се на изјава на рускиот претседател Владимир Путин. 

- Очигледно е дека тие не се пирати, но формално тие се обиделе да ја заземат нафтената платформа и со тоа го прекршиле меѓународниот закон, истакна денеска Путин за време на форумот „Арктик-територија на дијалог“, кој се одржува во сибирскиот град Салехард.

Според него, руските граничари не знаеле кој се крие зад меѓународната организација за заштита на животната средина, а „по крвавите настани во Кенија, помислиле дека се е можно“.

Триесетмината уапсени активисти на „Гринпис“ синоќа се префрлени во притвор во различни градови, откако дел од нив претходно биле сослушани од истражните органи.

Против активистите е покренато обвинение за „пиратство извршено од организирана група“, што претставува кривично дело за кое максималната затворска казна изнесува 15 години.

25.09.2013 - 12:59

најчитано сега