Од наредната пролет нови автопати ќе никнат низ Македонија

Модерниот пат од селото Миладиновци до Штип, се очекува да почне да се гради идната година на пролет. Како што пренесува Дневник, парите за изградбата на овој пат ги обезбеди кинеската „Ексим банка“, а се очекува истата да го одобри кредитот и за автопатот од Kичево до Охрид.

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, најави дека откако „Ексим банка“ ќе ги одобри кредитите во вкупен износ од 574 милиони евра без ДДВ тие треба да се ратификуваат во македонското Собрание. По ратификацијата ќе започне и и зградбата на автопатот.

Според анализите на Министерството за животна средина, постојниот регионален пат од Миладиновци до Штип дневно го користат од 1.500 до 2.500 возила.

Предвидено е да се гради автопат во должина од 47,1 километри. Трасата почнува со приспособување на постојната клучка кај селото Миладиновци, од каде што ќе се поврзе со постојните автопати Kатланово-Велес и Петровец-Блаце. Трасата продолжува да се искачува на ридот Оџевица на 430 метри надморска височина, по што се спушта кон долината на реката Пчиња, во близина на селото Средно Kоњаре каде што ќе се гради мост. Оттаму трасата пак се искачува кон планинскиот премин Дервен по јужната страна и поминува низ напуштено земјоделско земјиште обиколувајќи го постоечкиот археолошки терен, по што се спушта кон овчеполската рамница во близина на реката Периш. Откако ќе го помине Овче Поле, трасата се поврзува со постојниот пат до Свети Николе, каде што ќе се градат клучка и обиколница. Понатаму автопатот продолжува паралелно со постојниот пат Kадрифаково-Штип, каде што и завршува, пренесе Дневник.

А.втопат ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри

 

25.09.2013 - 12:54

најчитано сега