Бројот на загинати порасна на 250 лица во Пакистан

Земјотресот со јачина  од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера ја стресе  западната пакистанска провинција Белуџистан, според најновите податоци, загинале најмалку 250 лица, јави Би-Би-Си.

Пакистанските власти соопштија дека  сите жртви се од градот Аваран, кој е најблиску до епицентарот на потресот, или од неговата околина.

Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено.

- Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни окрузи, изјави портпаролот на провинциската Влада на Белуџистан, Џан Мохамед Буледи, додавајќи дека последиците од земјотресот се застрашувачки.

Белуди соопшти дека властите имаат сериозни потешкотии да стапат во контакт со локалните претставници во некои делови на оваа насјлабо населена пакистанска провинција, па засега нема информации за последиците од потресот во тие делови и за евентулани жртви.

Земјотресот, кој бил почувствуван и во индискиот главен град Њу Делхи, бил на длабочина од 20 километри под површината на земјата.

Сеизмологот Захид Рафи оцени дека оваа појава и не е толку изненадувачка, имајќи ја предвид јачината на потресот.

Ова е втор силен земјотрес во Пакистан. 

25.09.2013 - 12:50

најчитано сега