Бидете подготвени: Следува влошување на времето - временска прогноза за цела недела
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег.
Минималната температура ќе се движи од -9 до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од -2 до седум степени.
Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -6 до 1 степен.
Во првите два дена од работната седмица ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Во среда и во четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.
17.12.2018 - 17:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа