Стојанче Ангелов и Зимбери положија цвеќе на гробовите на цивилните жртви во Липково

Стојанче Ангелов и Абедин Зимбери положија цвеќе на гробовите на колатералните цивилни жртви во Липково. 

- Со Абедин Зимбери пред гробиштата во Слупчане. Во позадина се гледа гробот на неговата ќерка, покриен со свеж букет цвеќе. „Неколку од загинатите беа разнесени на делови, крв течеше на сите страни. Моравме да ги собираме парче по парче, дел по дел. Да биде пострашно и посурово, сите до еден се презиваа Зимбери. Меѓу тешко ранетите беше и мојата седумгодишна ќерка Валбона Зимбери. Целата во крв, со разнесено рамо, распаран стомак и оштетени бубрези. Почина неколку дена подоцна“, тука Абедин не издржа и запре. Не само Абедин. И јас бев растревожен од она што го слушав. Грлото ми се стегна, не можев да зборувам. Се гледавме, молчевме и размислувавме.

П.С. Размислете и вие откако ќе го прочитате овој текст, напиша ,Стојанче на Фејсбук.

Целиот текст на МКД.МК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега