Корубин го обвинува Милевски за недемократско управување со ЛДП - побара оставка

Начинот на кој Горан Милевски управува со ЛДП е апсолутно недемократски, обвинува пратеничката Никица Корубин, која одлучи да настапува како независна пратеничка во Собранието и да дејствува во ЛДП како фракција, откако Милевски беше реизбран за лидер на партијата.

-Подолг период нема демократија во ЛДП. Органите на партијата се претворија во органи каде се спроведуваат одлуки донесени во тесни кругови на луѓе. Има нетранспарентност во работењето кај претседателот на партијата, нетранспарентен беше и изборот на кадри кои ЛДП ги понуди за функционери. Тука е и начинот на кој беше организирано самото собрание. Редовното требаше да се одржи на први февруари, но наместо тоа беше одржано вонредно што само по себе повлекува низ неправилности – вели Корубин за Фокус.

Во меѓувреме, вели таа, побарала и оставка од Милевски, но била игнорирана.

-Овие мои спротивставувања кон него беа јавно искажани додека бев член на извршниот и централниот одбор. Побарав оставка од него, но бев игнорирана, а потоа и казнета со што ме тргнаа од органите – вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега