Тунтев со солзи: „Јован друже, не се договоривме вака"

Томислав Тунтев денеска со голема тага се обрати на комеморацијата за охридскиот градоначалник.

- „Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира двапати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градоначалник одевме кон плоштад и ми рече ‘Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот. Сè ќе си биде само нас ќе нè нема’, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече пратеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање, пренесе Макфакс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега