Гостинот на Груевски и одговори на Фетаи: Таму бев поради проблем со синусите

Во Кривичен суд во тек е јавна отворена расправа за предметот на СЈО „Општина Центар”, а на самиот старт фатиме Фетаи побара Александар Трајковски да му објасни на судот која е целта на неговото патување во Будимпешта, и да ја објасни сликата на која тој е со Никола Груевски.

Тој имал проблем со дишните патишта и синусите, односно намален капацитет на белите дробови.

-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимшешта заминав самоиницијативно на своја волја, рече Трајковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега