Уапсен возачот на автобусот кој се преврте - сведоците велат глетката била морничава

Автобус на компанијата „Еуробас“ од Струга се преврте во Србија, при што три лица загинаа. 32 се полесно или потешко повредени откако автобусот излетал од патот.

-Спиев кога ме разбуди врискање и повици за помош. Видов луѓе со крв на главите и на рацете. Сите бевме преплашени, а уште повеќе се вознемирив кога слушав како некој извикува дека има починати. Набрзо во автобусот влегоа лекари од Брза помош. Веднаш почнаа да ни помагаат, а не знаеја на кого прво да му пријдат. После нив дојдоа пожарникари, ги извлекуваа патниците еден по еден, раскажа момче за српските медиуми.

 -Призорот беше морничав. Автобусот беше свртен на страна, патниците извикуваа од болка и бараа помош, додека скршеници од стакло имаше на сите страни. Четворица луѓе беа заробени во автобсот. Лекарите веднаш потрчаа да им помогнат, за жал, за тројца од нив веќе беше доцна – велат сведоци на несреќата.

Пред се неофицијални извори од Србија истакнуваат дека коловозот бил лизгав поради снегот, но се шпекулира и дека возачот на автобусот возел со неприлагодена бризина. Наводно брзината се движела околу 100 километри на час, иако патот бил завеан со снег.

Возачот е приведен во полициска станица по сомнение дека е одговорен за трагедијата, но и самиот е тешко повреден.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега