Ристовски: Соседните земји каде поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или да го уапси Никола Груевски во моментот кога тој поминувал, што во неколку наврати кажа и српскиот претседател.

- „Колку што ми е мене познато, ниту еден официјален претставник од Владата на Република Македонија не упати критики за Србија, ниту побара објаснување за тоа зошто Груевски не бил уапсен“, рече Ристовски, додавајќи дека ниедна земја не можела да го уапси додека немало потерница.

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски е осуден на две години казна затвор за случајот „Тенк“ за мерцедесот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега