Во Црна Гора состанок на Партнерската комисија САД-Јадранска повелба

Заменик-министерот за надворешни работи на Андреј Жерновски денеска и утре во Подгорица ќе учествува на состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската Повелба, на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки и набљудувачи на Повелбата.

На состанокот, кој се одржува во рамките на црногорското претседавање со САД-Јадранската Повелба Жерновски ќе има можност со своите колеги од регионот да размени мислења за актуелните политички и безбедносни состојби, динамиката на регионалната соработка и идните активности и работата на САД-Јадранската Повелба.

На состанокот на Партнерската комисија, последен во рамки на црногорското претседавање со САД – Јадранската Повелба, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ ќе го предаде претседавањето за 2019 година на шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега