Сведоштво за автобуската несреќа: "Автобусот се занесе и сите паднавме еден врз друг"

Јас седев назад, автобусот се занесе, нешто силно ме удри во главата и сите патници почнавме да паѓаме еден врз друг. Многу ми е жал за тројцата загинати, фала му на Бога што останавме живи. Брзата помош многу брзо дојде и мене ме префрлија во Ниш, па во болницата во Лесковац.

Ова денеска за МИА го изјави Ричард Малинковски од Прилеп, кој има повреди на главата и треба да се оперира во Македонија.

 – Некои кажуваат дека возачот има заспиено. Но, јас тоа не го видов. Наеднаш се свртевме и потоа два пати паднавме и доживеав шок, по што не се сеќавам на ништо друго, вели тој.

Загинаа 3 лица, повеќе се повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега