Жртвите од автобусот се од Кочани и Крушево - нови детали

Четири патници се наоѓаат во животна опасност, а две од трите жртви се идентификувани, по тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи во 1.40 часот, кога пред влезот на Лесковац, Србија се преврте македонски автобус на струшкиот превозник „Евробус“. Од Министерството за надворешни работи (МНР) соопштија дека четворицата повредени патници со тешки телесни повреди кои се во животна опасност се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Од МНР повторуваат дека три лица загинаа, а 32 се повредени.

„До моментов идентификувани се маж и жена на возраст од 68 години. Мажот е од село Бучин, Крушевско, а жената од Кочани. Третата жртва се’ уште не е идентификувана. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените, во тек е постапката. Има вкупно 32 повредени лица, од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во Општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија и еден на ортопедија“, велат од Министерството за надворешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега