ВИДЕО: Италјанската влада заплени имот на Сицилијанската мафија вреден 700 милиони евра

Властите во Италија го заплениле имотот на 64-годишниот  Џузепе Григоли кој вреди 700 милиони евра кој е член на Сицилијанската мафија.

Судот одлучи најмалку 12 претпријатија, воглавно прехрамбени продавници, 220 куќи и 133 имоти се одземени од соработникот на Коза Ностра.

Григоли  ги води своите бизниси од затвор, каде отслужува 12 годишна казна.

Матео Месина Денаро, еден од првите луѓе на Сицилијанската мафија во истиот процес е осуден 20 години затвор, но од тогаш е во бегство.

 

25.09.2013 - 12:07