Рускиот претседател не се оженил со гимнастичарката Кабаева
Рускиот претседател Владимир Путин не се оженил со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Гласините немаат ништо заедничко со вистината. Многупати досега сме демантирале вакви тврдења“, истакнал Песков во интервју за рускиот весник „Известија“.
Овие шпекулации се прошираа во саботата од страна на адвокатот и блогер Калој Ахилгов, кој тврдеше дека Путин се венчал со Кабаева во Иверскиот манастир во Валдај во северозападниот дел на Русија. Како доказ тој го истакна фактот дека манастирот бил под строго обезбедува.
„Сеуште не е познато зошто храмот бил обезбедуван, но останатиот дел од информацијата е целосна лага и дури нема потреба повеќе да се демантира“,нагласува Песков.