Едно лице е повредено при експлозија во Хрватска
Во близина на хрватскиот град Карловац, во селото Горњи Сјеничак, при експлозија едно лице е полесно повредено.
Јавната обвинителка од Карловац, Гордана Крижаниќ во изјава за ХИНА кажа дека се уште не е утврдено од каква експлозивна направа е повредено лицето.
Од полицијата соопштија дека околу седум часот утрово ранет е 33-годишен маж од засега непозната причина.
Причината за експлозијата се уште не е позната. Истрагата е во тек.
25.09.2013 - 11:22