113 земји ја потпишаа декларацијата за спречување на сексуални насилства за време на воени конфликти

Министри од 113 земји потпишаа декларација, со која се предвидуваат нови мерки против сексуалното насилство за време на вооружените конфликти.

Со документот се забранува мировните договори да вклучуваат амнестија за сексуални злоставувања и се дозволува осомничените да бидат уапсени каде било во светот, изјави британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Сите министри се обврзаа да усвојат меѓународен протокол следната година, со кој ќе се гарантира собраните докази за сексуалните насилства за време на конфликти да можат да се употребат на суд.

 Британскиот министер Хејг најави дека Велика Британија, следната година ќе биде домаќин на конференција за сексуално насилство за време на војни.

25.09.2013 - 11:18

најчитано сега