Сакате да јадете грав, но ви го дуе стомакот: Додадете ја оваа состојка при готвењето и спречете мачнини

 

Неодамнешно истражување спроведено на Харвард покажало како исхраната богата со грав може да го намали ризикот од срцеви заболувања и одредени видови рак.

Истражувањето покажало дека жените кои конзумираат грав барем еднаш седмиќно имаат 24 отсто помалку шанси да добијат рак, срцеви болести, дијабет 2, висок крвен притисок и рак на дебелото црево.

Меѓутоа многумина ја избегнуваат оваа намирница бидејќи предизвикува дуење и гасови.

Според трикот од нашите баби, гравот добро е да се потопи во вода ден пред да се готви.

Додатен трик е во водата во која гравот ќе кисне да се стави комбу алга. Комбуто е смеѓа алга која може да се набави во био продавниците, а ја зајакнува крвта и организмот, бидејќи изобилува со минерали како калциум, јод и магнезиум.

При готвењето во гравот додадете ловоров лист, ким, мајоран, ѓумбри, чии својства спречуваат создавање на гасови.

За да спречите гасови гравот задолжително измијте го и гответе го на тивок оган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2018 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега