Претседателот Иванов на спортско-културна манифестација во Дебар
Шефот на македонаката држава, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе присуствува на спортско-културна манифестација која ќе се одржи во општина Дебар.
Претседателот Иванов е покровител на проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот кој има за цел промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија.
Носител на проектот е Здружението за развојни иницијативи - Геостратешки институт „Глобал“, во партнерство со општините вклучени во неговата реализација – Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и Теарце.
25.09.2013 - 09:15