Ако размислувате за заминување во Германија, внимателно прочитајте - вака ги третираат странските работници
Работодавачите во Германија редовно ги искористуваат странците, кои помалку ги плаќаат, ги вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, а за тоа не се платени, предупредил во средата германскиот Институт за човекови права.
Работодавачите им даваат многу помала плата на странските работници, која во моментов е 8,84 евра бруто по час. Некои мораат да работат и прекувремено, а за тоа да не се платени, или работодавачите ги сместуваат во неприкладни услови, истакнува Институтот кој разговарал со повеќе од десетина странски работници.
Таквитер ситуации се чести, истакнува Институтот, во градежништвото, во фабриките за преработка на месо, но и во здравството, пружање усулги како чистење и во угостителството.
Во извештајот се предупредува дека странците често работат без договор, што дополнително им ја отежнува можноста за судска тужба.
Германија во 2015 година прими околу милион мигранти, главно од Ирак и Сирија. Таа одлука на Ангела Меркле беше мета на критики, но работодавачите ја прифатија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа