Таа е царица на трпезата: Нов рецепт за руска салата со малку пари
Руската салата има повеќе варијанти. Од посна, до онаа со мајонез, со ајвар или пак со и без месо.
Ова е нов супер рецепт со вкус кој долго се памети и често ќе се бара:
СОСТОЈКИ:
- 3 компири
- 3 моркови
- 3 варени јајца
- 300 гр. грашок
- 6-7 краставички кисели
- 300 гр. шунка
- 1 пилешко филе
- сол
- 300 гр. мајонез
- 200 гр. павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Се вари зеленчукот во вода со сол. Се вари и пилешкото филе и јајцата.
- Се лади зеленчукот и ситно се сече на коцки, а се сечат и јајцата.
- Се додава павлаката во мајонезот и се мати.
- Се става зеленчукот во нив, се става и ситно цепканото или сечено месо,се додава и сецканата шунка. Додадете си зачини и јајцата.
- Оладете и послужете.
- Извор: Готви.мк
04.12.2018 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа