Студ, магла и дожд - временска прогноза која нема да ви се допадне

 

Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлини и по речните долини, а до крајот на денот услови за дожд.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени, во Маврово 6, Охрид 9, Прилеп 7, Кавадарци 10, Карива Паланка и Берово 9, Дојран 14...

И за утре прогнозата е променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлини и по речните долини. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 7 во Прилеп, 8 во Скопје, во Маврово и Охрид 9 до 13 степени во Гевгелија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2018 - 07:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега