Андов со скандалозни детали во новата книга: Црвенковски и Фрчкоски сакале да го тргнат Глигоров од политиката
„Стојане, вчера имав неочекуван состанок. Во вилата ми дојдоа Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Благоја Ханџиски, Фрчкоски и Јане Миноски. Тие мои гости зборуваа мирно како да се договараа со мене да одиме на плажа, а всушност побараа од мене да си дадам оставкa. Не ги разбирам овие луѓе Стојане, ако нè тргнат нас двајцата и останат сами на власта, сосема е јасно како ќе владеат…“, ова е дел од извадоците од книгата „Пред атентатот и по него“, што беа посебно акцентирани на вечершаната промоција на избраните дела од Стојан Андов, пренесе Макфакс.
Глигоров, како што се наведува во книгата, сметал дека Андов е човекот што треба да го наследи на функцијата – претседател на државата и наидел на несогласување кај Црвенковски и Фрчковски.
„Му реков доста остро на Киро дека избрзал изговорајќи го моето име. Си помислив, тој добро знае дека ја компликувал ситуацијата и во концепцијата на тие луѓе сега ќе се јави потреба како и мене, покрај Киро, да ме отстранат од политиката. Тие очигледно беа решени оваа група, која ја контролира државата, да го отсрани секој глас што може да има влијание во јавнсота. Двајцата се надевавме дека таа залетаност на групата ќе престане. И сите да ги решаваме пробелмите на земјата…“ , пишува во дел од книгата.
На промоцијата, која се одржа симболично на 83. роденден на првиот претседател на Собранието на РМ, присуствуваа дипломати, професори, новинари, како и премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа