Екстрадиционен притвор за осомничен во Шпион

Четириесет дневен екстрадиционен притвор му подреди чешкиот суд на 52 годишниот Борис Перков. Осомничениот во акцијата Шпион кој беше уапсен ден по распишувањето ан меѓународната потерница, сега ќе чека одлчука- дали ќе биде испорачан во Македонија каде како 6то осомничен ќе треба да одговара за злосторничко здружување.  

Велешанецот Перков е еден од тројцата кои по акцијата Шпион  се бараат со меѓународна потерница. Полицијата сеуште трага по 38 годишниот Јане Младеновски и 47 годишниот Зоран Божиновски.

Останатите се во притвор додека трае истрагата за случајот.

Шпион откри организирана група која се занимавала со шпионажа, злосторничко здружување, уцени и закани. Во групата според сомневањата на полицијата членувале поранешни и актуелни разузнавачи, полицајци, државни службеници, поранешни функционери, бизнисмени и новинари. Продавале информации на странски служби и им се заканувале на јавни личности за кои имале компромитирачки материјали

24.09.2013 - 15:04

најчитано сега