По смртта на Ружди Лата, Дебар се уште нема привремен градоначалник

 

Општина Дебар по смрта на градоначалникот Ружди Лата се уште нема избрано привремен градоначалник . Оваа го изјави  секретарот на општината Или Мирзо кој притоа ги демантираше вестите дека Хекуран Дука е избран привремен градоначалник на Дебар.

Мирзо истакна дека „членот на Советот на општина Дебар, Хекуран Дука, со Одлука од сега покојниот градоначалник Лата е определен како советник кој го заменуваше во негово отсуство  и може да потпишува одредени акти, во согласност со законските одредби, вршител на должност  градоначалник  се избира по одлуката на Владата од страна на Советот на Дебар“.

Советникот кој го заменува градоначалникот ќе ја врши ова функција до изборот на в.д. градоначалник од страна на Советот на општина Дебар во согласност со Законот за локална самоуправа, рече Мирзо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2018 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега