Заев: Ги знам сите детали, целосно сум информиран за бегството на Груевски

 

Ги знам сите детали, целосно сум информиран. Кога ќе дојде време јас и министерот Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство. Законите во Македонија налагаат дека кога имате налог од Јавното обвинителство истрагата треба да заврши и потоа  да бидат соопштени резултатите и ние тоа ќе го почитуваме, изјави премиерот Зоран Заев за текот на истрагата околу бегството на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Унгарија, откако требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2018 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега