Светот згрозен од нивната љубов, семејствата се откажале од нив: Сара се венчала за очувот

 

Бизарниот документарец, на британскиот „Канал 5“ открил една од најчудните романси кои некогаш сте имале прилика да ги видите.

Сара (28) својот сопруг Давид (69) го запознала само еден ден пред тој да се венча со нејзината мајка, кога имала само 14 години.

„Откако почина мојата прва сопруга, со која бев во брак повеќе од 30 години, некое време бев сам и станав очаен и осамен“, објаснил Давид за емисијата.

„Тогаш ме запознаа со идната сопруга, за која се испостави дека е твоја мајка“, ѝ се обратил Давид.

Сара открила дека имала искрено пријателство со својот очув и сегашниот пар набрзо откако пропаднал бракот со мајката на Сара, објавил дека има романса.

После четири години се венчале, но со оглед на чудните околности околу нивната врска, членовите од нивните семејства не се појавиле на венчавката и ги прекинале сите контакти со нив. Тука спаѓа и мајката на Сара, односно поранешната сопруга на Давид.

„Ова не беше венчавката за која отсекогаш сонував, но имав совршена причина да се венчам и беше навистина прекрасно“, рекла Сара и додала дека би било убаво ако присуствувале повеќе луѓе.

Парот сега е веќе 10 години во брак и има близнаци. Заедно работат во јужен Велс.

За својата трета сопруга, Давид рекол дека одлично се согласуваат, но нивната врска повеќе не е во фаза на меден месец.

„Повеќе не ми се допаѓаш, всушност. Стар си и сед, а и имаш многу вишок килограми“, му рекла Сара.

Некои гледачи биле шокирани поради нивната разлика во години, но и фактот дека девојката се венчала за поранешниот сопругот на нејзината мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2018 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега