Арнаудовска, Зафировска и Кизов во посета на Правосудната школа на Шпанија

иректорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, претседателката на Судскиот совет на Република Македонија Александра Зафировска и претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија Костадин Кизов, во четврток и петок ќе ја посетат Правосудната школа на Шпанија.

Посетата се реализира во пресрет на подготовка на новата генерација во почетната обука во Академијата и подготовка на новата Програма за почетна обука согласно новиот Закон за Академија.

Како што информираат од Академијата, од посебен интерес за македонската делегација ќе бидат компаративните искуства на Правосудната школа на Шпанија во поглед на целиот процес на спроведување на приемниот испит, креирањето и организацијата на почетната обука, начинот на специјализација на кандидатите во текот на обуката, процесот на избор на завршените кандидати од страна на советите надлежни за избор на судиите и обвинители во Шпанија, начинот на распоредување на кандидатите и други прашања кои се од значење за подобрување и унапредување на процесот на селекција и избор на судиите и обвинителите во правосудството на Република Македонија преку почетната обука,со цел да се привлечат најдобрите кандидати во судско - обвинителската професија, како високопрофесионална и престижна функција.

24.09.2013 - 14:08

најчитано сега