По семејната драма, Наташа Беквалац на полиграф призна дека се допишува со машка личност

 

Поп пејачката Наташа Беквалац во април оваа година доживеа голема семејна драма, односно нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ физички ја нападна.

По семејното насилстово во нејзиниот дом, пејачката се повлече од јавноста одреден период. Меѓутоа, таа се врати на музичката сцена и неодамна ја сними песната „Мала плава“.

Во врска со семејното насилство не даваше многу изјави и не сакаше многу да зборува пред камерите.

Наташа сега беше на полиграф на „Блиц“ и одговори на неколку интересни прашања. Имено, на прашањето дали во последните три месеци е сама, таа даде потврден одговор.

Меѓутоа исто така даде позитивен одговор дека се допишува со некоја машка личност.

„Дали се допишуваш со некоја машка личност“.

„Да“ одговори Беквалац.

Пејачката не откри дали станува збор за некој колега, пријател, соработник, роднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2018 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега