Им се заканува глад на децата во Сирија
Меѓународната организација „Спасете ги децата“ предупреди дека на милиони дечиња им се заканува неухранетост и недостиг на храна, додека земјата е зафатена од голема граѓанска војна.
Според податоците на меѓународната организацијата, околу четири милиони Сиријци, од кои половината се деца, останале блокирани во воените зони во градовите и до нив не може да биде испорачана храна.
Проблемот со храна е зголемен поради драстичниот скок на цените на основните животни продукти, се наведува во соопштението на организацијата за помош на децата
24.09.2013 - 14:00