Соседите одлучија да кажат се за пејачката: Купува на вересија и тоа во иста продавница
Пејачката Вики Миљковиќ со години живее на Бежаниска коса со сопругот Драган Ташковиќ Ташке и синот Андреј.
Нејзините соседи имаат само пофални зборови за неа.
Продавачката од блискиот маркет вели дека со пејачката има само позитивна искуства и дека за неа мислат се најдобро.
„Вики ја обожавам, најмногу ми се допаѓа кај неа што е народна жена. Во овој крај живеат многу богаташи кои се осамени, но таа не ги гледа луѓето од висина. Зборува со нас како да сме исти стале=ж. Често во продавницата доаѓа и жената која работи кај неа, нејзината куќна помошничка и таа е фина“, вели касиерката Виолета.
Продавачката Милка, пак, откри дека со пејачката има пособен договор околу купувањето.
„Жената која работи кај неа, нејзината помошничка, често купува кај мене и што и да земе, јас тоа го запишувам. Така сум договорена со Вики. Таа после три дена ми плаќа, некогаш после 10, но никогаш не ми останала должна“, рекла продавачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа