Мицкоски до Заев: Ќе ве поразиме на избори – ќе завршите на буниште

Со извици „Оставка“ и „Избори“ пред Владата на Република Македонија започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

На неколкуте илјади граѓани,  кои се одзвале на повикот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски ги нарече насобраните најхрабри, а нагласи дека протестот се одржува без организација со автобуси.

-Ви благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, вам, на најхрабрите, сите вие кои ги трпите притисоците на оваа криминална влада. Знам дека сте со нас и дека го поддржувате секој наш чекор, секоја наша политика за да го спасиме она што остана од оваа земја. Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата. Нашиот ревот е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто Македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред две години Заев ветуваше дека ќе ја тргне оградата од Владата, но таа се уште е тука.

-Се плашите ли од народот?, праша Мицкоски.

Тој рече дека власта ја повлекла Комисијата за јавни набавки за да слклучува договори во 4 очи.

– По сите понижувања и распродажби на националните интереси, ние нема да ви дозволиме, ќе застанеме сите без разлика на нација. Ќе ви го покажеме местото во историјата. Вие припаѓате на буниште, тоа ќе ви го покажеме на следните предвремени или редовни парламентарни избори. По овие црнила доаѓа зората која носи надеж за подобро утре за нашите граѓани, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега