Нинџа вчера распали во Судот - продолжува рочиштето за 27. април

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.

На минатото рочиште обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Ангелова, која во листингот на мобилниот телефон на првообвинетиот на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани Крсто Мукоски беше фатена со порака: „Отворете ги предните врати“, најнезгодните прашања денеска ги доби од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, јави СДК.МК.

Таа опиша дека била исплашена кога видела дека „тој мирен и домаќински народ“ тргнал во стампедо да влегува во Собранието, на што Нинџа и рече: - „Рековте дека сте почувствувале страв, шок, сте се треселе цела. Зошто не си отидовте дома?“.

 

Добрила Кацарска, до обвинетите и полицијата, сите во судската сала се изнасмеаја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега