Затоплете го станот како да имате уште еден радијатор - трик за потопол дом
Ако сакате овие ладни денови во станот да ви биде потопло, а за тоа да не мора додатно да платите, имаме два совети – евтин и практичен. Оние кои го пробале овој метод тврдат дека ја зголемува топлината, како да вклучиле уште еден радијатор.Совет 1 – залепете на ѕидот зад радијаторот рефлектирачки материјал, да речеме алуминиумска фолија или фолија за заштита од сонце за автомобилите. Радијаторот ќе престане да го грее ѕидот, топлината ќе престане да излегува преку ѕидовите и ќе се рефлектира во просторијата.
Совет 2 – залепете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па картонот ставете го меѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. Вака топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа