Тарчуловски, Вељановски и Мукоски не се појавија - доцни седницата за одземање на имунитето на Груевски

 

Столчињата каде треба да седат пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО ДПМНЕ на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски се празни.

Во ова собраниско тело членуваат Трајко Вељановски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Борис Змејковски, но ниту еден од нив не се појави на седницата.

Седницата доцни повеќе од еден час, а во моментов присутни се само пратеници од власта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега